Победничката на Евровизија 2014 сега тешко дека ќе ја препознаете. Тоа е, всушност, маж, кој секаде се преставуваше како жена.
Сепак, изгледа дека решил да се врати во првобитната состојба како маж кажувајќи ѝ збогум на долгата коса. Брадата ја остави, но овој пат дури и во секси издание.
Во спотот на новата песна Hit me доаѓа до израз сосема новиот изглед на Вурст, со бела коса и брада. Некои му пишуваат дека изгледа понаков и секси.
Том Новирт, човекот што стои зад Кончита, претходно изјави дека сака да создаде нова личност изјавувајќи: „Со брадестата дама постигнав сè што сакав од победата на Евровизија, не ми треба повеќе, сакам да ја убијам. Нов изглед, нова Кончита, старата нека си оди“.