(Фото) Крај на гласините за свадбата – дали рекоа „да“?

Пред неколку дена се прошири веста дека еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс, се оженил со својата долгогодишна партнерка Александра Грант, што многумина го дочекаа со ентузијазам, наведувајќи дека никогаш не е доцна за љубов.

Сепак, мора да ги разочараме нивните обожаватели кои со ентузијазам ја дочекаа веста за венчавката на двојката, која е во врска од 2018 година, бидејќи ПР-от на Ривс разговараше со медиумите и ја разјасни ситуацијата.

„Тоа не е вистина. Тие не се во брак“, кратко изјави тој за E! News, негирајќи ги тврдењата дека Кијану и Александра кажале „да“.

Иако немаше венчавка, имаше гласини за деталите од церемонијата. Александра и Кијану се уште се во среќна врска, па тоа не значи дека следниот чекор нема да дојде во блиска иднина.

Две недели претходно, Александра му посака среќен роденден на актерот со емотивна честитка и покажа дека љубовта меѓу нив сè уште цвета.

„Ви благодарам на сите за убавите желби за роденденот на Кијану вчера. Тој имаше одлична прослава! Како што многумина од вас знаат, Кијану не е на ниедна социјална мрежа и не гледа објави освен ако некој не му ги покаже“, го започна таа своето излагање.

„А Кијану… многу сум благодарна за твојата љубов и партнерство. Сега назад на сликањето!“, рече Александра Грант.

фото: принтскрин

Scroll to Top