Британската кралица Елизабета ги тргнала фотографиите од Меган и Хари во Бакингемската палата. Фотографијата од кралската двојка не е повеќе на масата каде претходно стоела со двајцата принцови во војничка униформа и семејниот портрет на Кејт Мидлтон со нејзиниот сопруг.
Последен пат фотографијата од Меган и Хари е видена на масата на крајот на јули, кога кралицата го прими премиерот Борис Џонсон. Британските медиуми пренесуваат дека Вилијам и Хари повеќе не се согласуваат како претходно. Двајцата се препукуваат преку медиумите и дописниците од палатата.
Двајцата не се гледаа неколку месеци по венчавката на Хари. Ниту Меган и Кејт не успеаа да најдат заеднички јазик. Според најновите написи, Хари и Меган целосно ќе се тргнат од кралското семејство затоа што не можат да се носат со притисоците.