(Фото) Кралицата Елизабета сè почесто во друштво на најмладата внука

Британската кралица Елизабета поголемиот дел од времето го поминува во прошетки со внуката на дворот.

Иако има осум внуци, вниманието на медиумите е насочено кон принцовите Вилијам и Хари. Освен нив, тука се и Зара Тиндал, Питер Филипс, принцезата Беатрис, принцезата Евгенија, леди Луиз и Џејмс. Иако таа изјавува дека е многу блиска со сите внуци, сè почесто се забележува во друштво на најмладата од нив.

 

„Леди Луиз, ќерката на принцот Едвард и Софија, стана миленик на кралицата, а веднаш по неа е нејзиниот брат Џејмс“, изјавил пријател на кралсткото семејство.
Таа е среќна кога Луиз и Џејмс се во Балморал, а особено се зближила со Луиз, која сè почесто ја придружува на дневните прошетки.

За војвотката Софи и принцот Едвард, пријателот на семејството вели дека ги замениле Хари и Меган.
Тие уште повеќе се вклучиле во кралската хуманитарна работа откога принцот Хари и Меган го напуштија Лондон. Софија е посебно блиска со Кејт Мидлтон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @thewindsorsfamily

За ќерката, Софи рекла: „Таа се труди на училиште и се надеваме дека ќе оди на универзитет. Ние нема да ја присилиме, како ќе сака самата. Таа е многу паметна. Леди Луиз е многу блиска со кралицата баба, а и двете ја делат љубовта кон домаќинството“.

Бидејќи тие се долу на линијата на наследство, Луиз и Џејмс не ги користат своите кралски титули, но можеби ќе се одлучат да ги земат кога ќе наполнат 18 години. Нивната мајка рекла дека тоа е малку веројатно.

Scroll to Top