(Фото) Кралицата по погребот на принцот Филип им се врати на должностите, држеше состаноци преку видеоврска

Британската кралица Елизабета Втора, за првпат по погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, почна да ги врши своите кралски должности. Таа го одржа првиот состанок со странски дипломати, преку видео линк.

На објавните фотографии кралицата насмеана одржа состанок со амбасадорите на Летонија и Брегот на слоновата коска, пишува британски „Мирор“.

Ова е првпат кралицата да е видена без црна облека на себе. За состанокот таа одбра светлосин фустан со цветови.

Кралицата своите должности ги извршувала од својата резиденција во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде пред две недели беше одржа погребот на принцот Филип.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Scroll to Top