Манекенката Криси Тајген ги покажа лузните на градите останати од операцијата со која ги извади силиконите. Таа објави слика и видео од лузните оти фановите не веруваа дека навистина се оперирала, туку често ѝ коментираа дека само сака да привлече внимание.
„Пријателите ми кажуваат дека луѓето не ми веруваат дека се ослободив од силиконите. Ова се лузните. Верувајте ми, вистински се и изгледаат грозно“, вели таа во видеото.
Криси направи операција за отстранување на силиконите пред еден месец откако долго време велеше дека веќе не може да ги поднесе големите гради. Таа изјави и дека по една деценија конечно, сака да спие на стомак.