(Фото) Криси Тајген потполно гола ги покажа лузните: „Кучката го помина и ова“

 

Топ-моделот Криси Тајген, по двете направени операции – отстранување на имплантите од градите и ендометриоза – ги охрабри фановите да се сакаат себеси и своето тело.

35-годишната манекенка го одбележа празникот на љубовта споделувајќи фотографија од своето тело, на која се гледаат лузни на градите и фластери на долниот дел од стомакот.

„Среќен ден на вљубените. Сакајте се себеси. Кучката помина многу, па го помина и ова“, напиша Тајген покрај фотографијата.

Нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд, со анимиран филм, специјално направен за нив, ѝ покажа колку е голема неговата љубов за неа.

„Мојата љубовна приказна со Криси е љубовна приказна за сите времиња, Среќен Ден на вљубените“, напиша Џон покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Legend (@johnlegend)

Лани Тајген ги отстрани имплантантите од градите, а на пред две недедели, на почетокот на февруари беше подложена на операција за ендометриоза, хронична болест која се карактеризира со појава на ткиво кое ја поставува матката (ендометриум) каде било надвор од нејзиното место.

Криси не криеше дека претрпела болка додека се опоравувала од операцијата, но тврди дека болката од ендометриоза е многу полоша. Леџенд и нивните две деца и додека беше во болница и дома цело време беа со неа и и даваа неизмерна подршка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Scroll to Top