(Фото) Леонардо ди Каприо ослабе, фановите не го препознаа

Фановите не можеа да го препознаат новиот изглед на Леонардо ди Каприо. Глумецот ослабе неколку килограми, а е снимен на тропска локација во лежерно издание.

Лео носеше црна маица со кратки ракави, беж панталони и бели тениски чевли. Оваа шик, но во исто време лежерна комбинација ја комплетираше со капа и големи очила за сонце.

Се шеташе сам без неговата девојка Камила Мороне. Заедно почнаа да се гледаат во 2017 година, кога таа имаше 20 години. Изминатиот период фановите коментираа дека им се ближи крајот, затоа што Ди Каприо не преферира девојки помлади од 25 години.

Сите досегашни негови партнерки ги остави откако наполнија 25, а Камила 25 роденден го прослави на 16 јуни. Пред неа, Леонардо изглегуваше со Џизел Бундхен, Бар Рафаели, Блејк Лајвли, Ерин Хетертон, Тони Гарн, Кели Рорбак и Бриџет Хол.

 

 

Scroll to Top