Поп кралицата Мадона позираше топлес, па фановите ја критикуваа дека станала како сестрите Кардашијан. Пејачката доби голем број коментари и критики и дека веќе луѓето не можат да ја препознаат од тоа каква станала.
Мадона долго време ја критикуваат и затоа што претерала со естетските операции и и замеруваат затоа што не е сигурна во својот изглед.
„Изгледаш како сестрите Кардашијан. Повеќе не изгледа како истата Мадона од порано. Овие фотографии се ужасни“, биле само некои од нивните коментари.
За потсетување Мадона претходно доби критики и од нејзините пријатели раперите Нели и 50 цент, кои и рекоа дека претерува со голите фотографии.
„Ова е смешно. Мадона со својот стар задник сака да изгледа како девица и на 63 години“, и напиша 50 цент алудирајќи на песната Like a Virgin, „Како девица“.
View this post on Instagram