Актерката што стекна светска слава со улогата на Касандра во истоимената теленовела откри дека пред неколку години лекарите ѝ откриле тумор на дојката. Таа вели дека тој е бениген, но дека оттогаш е внимателна, особено што во нејзиното семејство има историја на рак.
Популарната глумица сега објави фотографија на социјалните мрежи и реле дека неодамна била на нов преглед, па испрати порака со сите жени редовно да се тестираат, дури и превентивно, бидејќи премногу дами умираат од рак на дојката.
„Сакам да ве известам дека мојата мамографија и ултразвукот на дојката поминаа добро. Поради овие тумори, мора да се прегледувам на секои шест месеци“, напиша таа на „Инстаграм“.
49-годишната глумица изјави дека е исплашена секојпат пред да оди на контрола и дека прегледите понекогаш се болни, но дека е важно да се направат зашто спасуваат животи.
View this post on Instagram