Поранешната манекенка Лони Вилисон, позната и како поранешната сопруга на Џереми Џексон, ѕвездата од „Чувари на плажа“, со месеци живее како бездомник. Таа повеќе не изгледа ни половина занесно од тоа што некогаш била.
За некого згодна русокоса со совршена линија, по која воздивнуваа голем број мажи, сега бара храна по контејнерите низ улиците на Лос Анџелес. Вилсон од секси милионерка стана непрепознатлива просјачка, пренесуваат американските медиуми.
Таа со години се бори со зависноста од опијати, но и тешката депресија. Папараците ја снимија со голема колекција на накит околу вратот, како пребарува низ контејнерите во Холивуд. Тие велат дека се обидела да земе дел од светилка на улицата, за да може да го употреби како оружје.
На новинарите им велела дека повеќе нема телефон, но дека има доволно храна и место за спиење. Таа откри и дека се туширала на година дена, затоа што само на тој начин ќе била сигурна дека некој немало да ја силува.
Со Џереми се венчала во 2012 година, но се разведоа многу брзо. Пред пет години доживеала нервен слом и ја изгубила работата како асистентка во центарот за козметичка операција. Претходно таа ги красеше насловните страни на голем број магазини.
По траумата која ја доживеала од разводот со Џереми, таа никогаш не се лечела кај психијатар, туку се препуштила на разни пороци. За потсетување, Џереми почна да се дрогира пред разводот и за време на снимањето на „Спасувачка служба“.
Пред да се разделат, Џереми ја тепал Вилсон, а неколку пати морала да интервенира и полицијата. Тој ѝ скршил неколки ребра и го повредил и вратот. Ја изгребал за лицето и телото. Но и покрај тоа, таа не сакала да го пријави во полиција, затоа што се плашела од него.
Многупати насилството морал да го пријави нејзиниот сосед. Откако прекинале, медиумите пишуваа како на Вилсон ѝ требале месеци за да се опорави. Таа се повлекла во себе, а собрала храброст и го пријавила глумецот откако го исфрлиле од шоуто „Куќата на Големиот брат“, во кое учествувал, а во кое ги покажал градите на манекенката Клои Гудман.
Поранешната манекенка дала отказ, а откако останала без приходи и изгубила сè што имала, нејзината состојба драстично се влошила.