(Фото) Марк Ентони ја избриша тетоважата со името на Џеј Ло, па се сврши со 30 години помладата Мис Универзум

By

Пејачот Марк Ентони (53) ја побара за жена 30 години помладата девојка Надја Фереира, која е поранешна Мис Универзум. Таа на Инстаграм објави слика од дијамантскиот прстен, а на фотката се гледа и дека Марк ја прекрил со црно тетоважата од името на Џеј Ло, која ја направи пред тие да се венчаат 2004 година.

dobivaj vesti na viber

Ова ќе биде четврти брак на Ентони, а петта свршувачка. Тој првиот пат ја побара за сопруга актерката Клодет Лали, но раскинаа пред венчавката. Потоа се ожени со Дајанара Торес во 2000 година и нивниот брак траеше четири години.

Во 2004 година се ожени со Џенифер Лопез и иако се разделија во 2011, официјално се разведоа во 2014 година. Од тој брак ги има близнаците Ема и Максимилијан. Откако се разведе од Џенифер, пејачот се ожени со манекенката Шенон Де Лима од која се разведе три години подоцна.

Освен близнаците што ги има со Лопез, Марк е татко на уште четири деца.

За Надја Фереира ова ќе биде прв брак.

Ќе ви се допадне