(Фото) Меган Маркл со индиска точка на челото

Откако во јавноста се појавија фотографии од Меган Маркл, војвотката од Сасекс, на кои носи традиционален шарен фустан и бинда (точка која индиските жени ја носат на чело), медиумите во Индија веруваат дека таа е новата принцеза Дајана.

Маркл во јануари 2017 година ја посетила добротворната оранизација „Мина Махила фондација“ во Мумбаи.

„Дали Меган е новата Дајана?“, е насловот на речиси сите медиуми во Индија. Фотографијата на која Меган Маркл ја носи биндата (црвената точка на челото) многумина ги потсетила на времето од 1992 година кога принцезата Дајана во слично издание ја посетила Индија.

Својата посветеност и добродушност Меган ги покажала со тоа што повикала четири жени од организацијата, вклучувајќи ја и основачот на фондацијата, Сухани Јалоту, на венчавката со принцот Хари.

„Мина Махила фондацијата“, која обезбедува санитарани производи за жените во Индија и која се занимава со табу теми како што е менструалната хигиена, била една од седумте добротворни организации кои двојката ги „номинирала“ за дарување подароци.

Медиумите во Индија веруваат дека Меган ќе се врати во нивната земја како војвотка од Сасекс откако на венчавката ѝ ветила на Јалоту дека повторно ќе ги посети.

По тоа медиумите ја споредија Меган со принцезата Дајана, која ја посети Индија во 1992 година носејќи исто така бинда, традиционалниот знак на омажените жени.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

 

Scroll to Top