(Фото) Меколи Калкин ја има најшизичката маска во Холивуд

Маската на Меколи Калкин во моментов го „руши интернетот“ со повеќе од половина милион лајкови за само неколку часа. Калкин, кој се прослави како дете со улогата во комедијата „Сам дома“, се пофали со маската против Кови -19 ,  со отпечаток на лицето од култниот постер за тој филм и познатата сцената во која Кевин вреска.

„Јас само се штитам од Ковид-19 носејќи ја кожата на моето помладо јас. Не заборавајте да носите маска, деца“, напиша тој покрај фотографијата што ја објави на својот твитер-профил.

Фотографијата доби половина милион лајкови за неколку часа, беше споделена 75.000 пати, а фановите му доделија „Оскар за најдобар твит“.

Scroll to Top