Ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, беше снимен од папараците додека се шеташе низ Беверли Хилс. Малкумина можеа да го препознаат поради неговиот запустен изглед. Актерот имаше пуштено пивски стомак и целосно се има променето од Чендлер Бинг во „Пријатели“.
Пери се прошета со бушава фризура, а на себе носеше сива маица, црни панталони искомбинирани со бели патики.
За потсетување, тој минатата година раскина со неговата свршеница Молу Харвиц и оттогаш ретко се појавува во јавност. Во моментов работи на неговата нова книга „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, во која наводно ќе ги открие сите работи од неговиот приватен живот.
„Многу работи се напишани за моето минато. Мислам дека е време луѓето да ја слушнат и мојата страна од приказната“, рече Пери во едно од неговите интервјуа.