Познатиот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија со децата направија нова семејна божиќна фотографија. Тие празниците ги минаа со Ромео, Бруклин, Круз и нивната ќерка Харпер Северн. Позираа покрај големата новогодишна елка, а сите му се смееја на Бекам затоа што фудбалерот стоеше прсти за да не се познае дека синовите го надраснале.
За кратко време добија повеќе од милион лајкови.
„Прекрасна фотографија, а особено господин Бекам кој стои на прсти. Дали уште некој забележа дека Дејвид стои на прсти за да биде повисок? Дејвид Бекам кој стои на прсти за да би биде повисок од својот син е нешто најдобро што ќе го видите денес. Дали мислеа дека ова никој нема да го забележи?“, се само некои од коментарите.