(Фото) Мишел го изненади Барак Обама со уметничко дело за Божик

Поранешната прва американска дама, Мишел Обама, го изненади својот сопруг Барак Обама со божикен подарок – уметничко дело од уметникот Валентин Диксон.

Барак се пофали на социјалните мрежи и ја раскажа приказната што стои зад ова уметничко дело.

„Мишел за Божик ме изненади со цртеж од голф-терен од одличниот уметник Валентин Диксон. Работата е неверојатна, но приказната уште подобра. Валентино израснал во Бафало, Њујорк, и од мал имал развиено страст за цртањето. За жал, кога имаше 21 година, неправедно беше обвинет за дело што не го извршил и е осуден на минимална казна од 38,5 години затвор“, објасни Барак.

„Повеќе од 20 години престој во затворот тој тврдел дека е невин. Подоцна тој ѝ се вратил на својата страст – уметноста, благодарение на својот вујко. Ако го вратиш талентот, ќе го вратиш и животот, го советувал вујко му. Иако никогаш Валентино не посетил голф-терен, тој користел фотографии од магазинот за да го наслика овој што ми го подари Мишел“, раскажал Барак.

„Неговата уметност и неговата приказна го свртеа вниманието на јавноста во 2012 година и тоа поради неуморните адвокати во неговото семејство. Во 2018 година студенти откриле докази со кои ја докажале неговата невиност. По 27 години, тој беше ослободен. Денес, Валентино патува и ги споделува својата приказна и потребите за реформите во системот по криминално право. За моја среќа и за среќа за другите, тој продолжи да слика. Се гордеам што имам едно од неговите дела“, вели Барак.

 

Scroll to Top