(Фото) Мишел со колаж од стари фотографии му честита на Барак Обама 29-годишнина од брак

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел прославија 29-годишнина од брак. Мишел објави колаж од убави фотографии од времето кога се запознале и напиша: „Како почна vs како иде. Среќна годишнина, Барак, те сакам“.

Поранешниот американски претседател ѝ врати со слична порака.

„Среќна годишнина, Мишел. Во последните 29 години сакав да гледам како светот те запознава, не само како ќерка, туку и како мајка, адвокатка, извршна директорка, авторка, прва дама и моја најдобра пријателка. Не можам да го замислам животот без тебе“, ѝ напиша тој.

Барак и Мишел се запознаа во времето кога работеле како адвокати, каде што Мишел му била менторка, а тој бил приправник. Тие првиот состанок го имале во 1992 година во Чикаго. Во бракот ги добија Малија и Саша.

 

 

Scroll to Top