(Фото) Моника Белучи го покажа своето ново момче

Италијанската актерка Моника Белучи за првпат во јавноста го покажа својот нов дечко. Белучи на Модната недела во Париз се појави во друштво на Николас Лефебр, млад уметник и сценограф.

Николас Лефебр, кој работел како поранешен француски модел, е 18 години помлад од Белучи, а актерката вели дека е во врска уште во пролетта 2017 година, но не сакала да го открие неговото име.

Ова е првпат јавноста да ја види Моника Белучи заедно со нејзиното ново момче, откако актерката се разведе од Винсент Касел во 2013 година. Познатата двојка беше заедно 14 години, а има и две ќерки.

Белучи во тој период изјави дека разделбата со Винсент ѝ паднала тешко во животот.

 

Scroll to Top