На профилот „ History.jpg “ на Инстаграм, кој објавува фотографии од минатото, се појави фотографија од актерката Моника Белучи, направена во уметничка галерија во Италија далечната 1991 година.
На 30 години старата фотографија, погледите на присутните се свртени кон Белучи, која позира во црвена тоалета.
Коментарите на обожавателите се разновидни, сите велат дека е убава, а многумина велат дека воопшто не се сменила.
View this post on Instagram
Моника Белучи глумеше во неколку филмови кои доживеале планетарен успех, како што се „Малена“, „Страдањето на Исус“, „Пактот со волците“, а во филмот „Спектар“ во 2015 година, таа беше најстарата девојка на Џејмс Бонд.
Се омажи двапати. Најпрво со италијански фотограф, со кој бракот им траел само неколку месеци, а потоа и со францускиот актер Венсан Касел со кој беше во брак до 2013 година и има две ќерки.