На Бијонсе ѝ го украдоа познатиот фустан со дијаманти, кој пејачката го носеше за време на „Греми наградите“. Славната Бијонсе месецов била на мета на разбојници кои и упаднале во магацините во Лос Анџелес, во кои таа ги чувала своите скапоцености.
Три магацини во Лос Анџелес, кои пејачката ги изнајмила, биле провалени двапати месецов. Според пишувањата на „ТМЗ“, биле украдени скапи предмети, чија цена изнесува и повеќе од милион долари.
Од полицијата изјваиле дека крадците избегале со вредни предмети како чанти, чевли и фустани. Земале и детски играчки и фотографии од стилистот на Бијонсе. Досега немало никакви апсења по повод овој случај, а полицијата сè уште истражува кој сè е вмешан.