(Фото) На забава на Тејлор Свифт во Сиднеј стотина гости се заразиле од коронавирус

Повеќе од 100 гости се заразиле од коронавирус на прославата на новиот албум на Тејлор Свифт во Сиднеј, пишува „Њујорк пост“. На забавата во театарот „Метро“ во Сидјен имало речиси 600 гости. На крајот, дури и оние што не биле позитивни надлежните ги замолиле да се изолираат.

Тејлор не била на забавата. Тоа било настан на кој биле собрани голем број нејзини обожаватели во чест на нејзиниот нов албум.

„Веројатно некои се заразени и од новиот сој омикрон“, предупредија од New South Wales Healtha и додале дека казните за непочитување на мерките за изолација, тестирања и карантин се движат од 1.000 до 5.000 долари.

Scroll to Top