Моделот Тилан Блондо, која сите ја паметат како „најубавото девојче на светот“, му рече „да“ на францускиот актер Бен Ател, со кого е во врска од 2022 година.
Оваа прекрасна вест неодамна ја објави Французинката Тилан Блондо, која сега има 24 години и сè уште плени со својата зачудувачка убавина, на Инстаграм, кога го покажа својот веренички прстен со натпис: „Му реков „да“ на мојот најдобар пријател. Засекогаш“.
Таа беше запросена во Грција, за време на нивното заедничко патување, а запросувањето беше романтично, на зелена трева и со прекрасен поглед, со црвени ливчиња од роза кои беа расфрлани по патеката и масата каде што актерот ја замоли да се омажи за него.
Друштво им правеше и нивното куче, кое исто така е на една од сликите, и се чини дека Тилан е бескрајно среќна, бидејќи не ја симнува насмевката од лицето додека го покажува својот скап прстен.
Следеа низа честитки од нејзините следбеници, кои ги има речиси седум милиони на Инстаграм, а убавата Тилан позираше без шминка и нè потсети зошто некогаш важеше за „најубавото девојче на светот“.






