Светските медиуми пренесуваат дека еден од најдобрите светски топ-модели Наоми Кембел му го растурила бракот на рускиот милијарер Владислив Доронин во 2013 година.
Доронин сè додека не ја запознал Наоми бил среќно оженет со Русинката Екатерина. Наоми, пак, се правдала во медиумите дека бракот на рускиот милијардер и неговата сопруга бил во криза дури 10 години пред таа да бие во врска со Владислав.
Таа низ годините се обидела на секој начин да го зачува својот углед, тврдејќи дека тоа што Владислав ја оставил Екатерина било негова одлука, но и покрај тоа, медиумите ја опишаа како растурач на бракови.
Екатерина, пак, тврди дека нејзиниот сопруг ја оставил поради Наоми Кембел, која го присилила да се разведе. Наоми сега вели дека е среќна што Екатерина конечно се согласила да се разведат, но вели дека ѝ се лути затоа што ја обвинува за распадот на нејзиниот брак.
Наоми тврди дека нивниот брак бил на климави нозе уште од самиот почеток. Наоми и Владислав се запознале на филмскиот фестивал во Кан и почнале да се забавуваат уште во 2008 година. Претходно, седум години Владислав бил во брак со Екатерина.
Двајцата се разделија во 2013 година, а таквиот крај на бракот предизвика голем скандал во светски рамки. Неговата поранешна сопруга Екатерина тврди дека Наоми била со Владислав само поради парите и ништо друго.