Светскиот модел Наоми Кембел објави фотографии на која таа е гола и се вози во подземна железница во Њујорк. На едната од фотографиите, Наоми се вози, на другата чека на станицата, а на третата седи на една од клупите.
На сите три фотографии, таа носи торба од позната италијанска модна куќа. Супермоделот ги објави фотографиите на социјалните мрежи и напиша дека таа професионално позирала за модната куќа „Валентино“.
Голем број од коментарите кои Наоми ги добила се однесуваат на Ковид 19, пандемијата и нејзината безбедност, но некои сметаат дека фотографиите се направени многу порано.