(Фото) Не можам да поминувам со „ферарито“, рече сер Род Стјуарт, па се фати за лопатата

Легендарниот рокер Рот Стујард, кој ја доби витешката титула од кралицата Елизабета Втора, им помогна на соседите во поправката на патот во неговата населба.

„Ова е пат во близина на местото каде што живеам во Харлоу и вака е со години. Пред некој ден на брзата помош ѝ пукна гумата. Моето Ферари никако не може да помине од тука. Затоа, момците и јас решивме сами да го поправиме. Значи, ги пополнуваме дупките, додека милиони и милиони фунти се потрошени на автопатот М11“, се пожали Стјуарт во видеото што го објави на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Rod Stewart (@sirrodstewart)

Тој додава дека пополнувањето на дупките било добро за душата.

„Браво, Род“, „Немој само да се повредиш, купив билети за твојот концерт“, „Те сакаме легендо“, беа дел од коментарите од неговите фанови кои се воодушевија од потегот на рокерот.

Scroll to Top