Ѕвездата на филмскиот серијал „Американска пита“, 41 годишната Тара Рид, која некогаш важеше за вистинска убавица, го шокираше светот со својот изглед, кога оваа недела се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес.
Актерката присуствуваше на премиерата на филмот на Каре Делевин, „Valerian and The City of Thousand Planets“, и тоа со потполно поинаква фризура. Бесполезно е да се напомене дека многумина едвај ја препознале.
Засега не е познато дали е во прашање перика, иако личи на тоа, но едно е очигледно – дека Тара со овој изглед сите ги шокираше.