(Фото) „Невозможно е таа да е 26 години помлада од него“: сопругата на славниот актер на удар на критики

Познатиот актер Шон Бин (66) се појави на премиерата на новата серија „Робин Худ“, заедно со неговата сопруга Ешли Мур Бин (40) и нивните фотографии набрзо станаа главна тема.

Причината зошто овој пар ги освои сите наслови не беше толку поради самиот актер или серијата, туку поради неговата 26 години помлада сопруга и нејзината трансформација.

Обожавателите забележаа дека лицето на Ешли е многу отечено, па претпоставуваат дека прекумерно користела ботокс и филери. Благодарение на ова, тие забележаа и дека таа изгледа многу постаро, па никој не би рекол дека е дури 26 години помлада од Бин.

„Невозможно е оваа жена да има само 40 години“, „Ова не е истата жена“, „Таа сакаше да изгледа помлада, но изгледа постара“, „Невозможно е тој да е постар од неа“, „Се уништи себеси“, беа некои од коментарите.

Тој е во брак со Ешли од 2017 година и таа е негова петта сопруга.

фото: принтскрин

Scroll to Top