Глумецот и комичар Ник Канон стана татко по осми пат. Тој со неговата петта партнерка Бри Тизи го добија првото заедничко дете, Легендарно, пишува 24sata.hr.
„Се породив дома без лекови. Ова беше искуство со најголемо понижување, туркање на границите, а сепак воздигнувачко и целосно поттикнувачко искуство“, напиша Бри и објави фотографии од породувањето.
„Не можам доволно да му се заблагодарам на мојот тим за безбедното породување. Ова искуство ме промени засекогаш и не можев да побарам поневеројатен и поподдржувачки партнер.Тато се појави за нас. Не можев без тебе. Не ми се верува дека е тука“, додаде таа.
Бри објави 11 минутно видео од породувањето ѝ ги предупреди гледачите дека снимката е интезивна и по малку скокотлива. На снимката откри дека бебето е родено на 28 јуни.
Во јануари, на една од нивните забави тие открија дека чекаат уште едно дете, а тогаш со Тизи го открија и полот. Тогаш Канон се двоумеше дали да ја соопшти веста поради смртта на синот Зен кој го доби со Алиша Скот.
„За бременоста на Бри знам веќе некое време, уште пред да почине син ми Зен. Отсекогаш се прашував дали е вистинското време за да го споделам ова“, рече Канон. Сакав дефинитивно да го почитувам процесот на тагување со Алиша, а Бри беше доволно почитувана ѝ се воздржуваше од нејзините објави и говори на социјалните мрежи“, додаде тој.
За потсетување, Канон е татко на близнаците Марокан и Монро (10), синот Голден (4), 13-месечната ќерка Квин и седуммесечните близнаци Зион и Зилион.
Сега е бремена и Аби Де Ла Роса со која има близнаци. Седмото дете, синот Зен, што го доби со Алиса Скот, почина кратко по раѓањето.