Ќерката на Џон Траволта и Кели Престон, Ела Блу Траволта (25), се појави на насловната страница на списанието „HardCopy“ и го привлече вниманието кон себе со многу провокативно издание. Иако веќе е позната како актерка и пејачка, нејзиниот изглед, како и нејзиното презиме, секогаш се главна тема.
Многумина беа изненадени од фактот што Ела позираше во долг капут без ништо под него, а целиот свој аутфит го комплетираше со бордо чизми и широки фармерки.
„Толку сум среќна и почестена што сум дел од ова прекрасно издание“, напиша Ела под објавата што ја сподели.
Покрај провокативните изданија, Ела покажа и некои други, малку поелегантни, а позираше во комплет од Гучи, но и во луксузна бунда. Ова е исто така една од ретките ситуации во кои ја гледаме во толку провокативни изданија, со оглед на тоа што секогаш е одмерена.
Иако е дете на познати родители, Ела претходно не била премногу експонирана и се обидува да ја изгради својата кариера во Холивуд без својот татко. Освен со глума, таа се занимава и со пеење и манекенство, а ова не е нејзина прва насловна страница во животот.
Пред списанието „HardCopy“, таа беше и на насловната страница на „Hunger Magazine“, но тогаш не беше ни приближно толку провокативна како што е сега.
фото: епа






