(Фото) Никол Кидман со темни очила ја копира Ким Карадшјан на Модната недела во Париз

Оскаровката Никол Кидман се појави на Модната недела во Париз со бизарни очила од брендот Balenciaga. Кидман, која под нив не можеше да види ништо, мораше да биде придржувана за рака од непознат маж додека ги поминуваше скалите.

Како што пренесуваат медиумите, таа ги носела очилата со кои Ким Кардашјан била видена неколкупати минатата година и која на жените им дава мачкест изглед.

Оскаровката и една од најпознатите светски актерки  носеше едноставно црно боди и темни фармерки, кои ѝ беа толку големи, па Кидман мораше да внимава на секој чекор. Ова на прв поглед изгледало како едноставна комбинација.

Кидман неодамна за Daily Mail се потсети на своите почетоци и рече дека успеала, пред сѐ, благодарение на нејзините пријатели, актерот  Хју Џекмен и Дебори Ли Фурнес. Тие ѝ понудиле сместување кога од Австралија дошла на аудиција.

Во тоа време Никол спиела кај нив на каучот и, како што вели, до денес им е благодарна за тоа.

„Дебора Ли беше една од моите најдобри пријателки. Спиеше на каучот во нејзината изнајмена куќа, а таа секогаш ми нудеше сместување кога ќе требаше да одам на аудиција. Тогаш беше скапо и не можев да си дозволам да одам во хотел, па идејата да станеме цимерки беше одлична“, рече Кидман.

Scroll to Top