Новата девојка на глумецот Бред Пит, Никол Потуралски, сè повеќе наликува на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, пишуваат светските таблоиди.
Тие пренесуваат дека на нејзините најнови фотографии, таа е речиси иста како и Џоли. Пит со глумицата беше во брак од 2014 година, сè до моментот кога таа поднесе барање за развод во 2016 година. Како причина за разделбата ги навела непомирливите разлики.
Потуралски е првата девојка на Пит, по разделбата со Џоли, а фановите веднаш ја забележаа сличноста со Џоли. Тие коментираат на социјалните мрежи дека двете многу си личат.
Потуралски се појави на својот Инстаграм во четвртокот, постирајќи неколку стилски фотографии, облечена во сив блејзер на Djerf Avenue.
„Се гледаме подоцна“ им напиша таа на нејзините 195.000 следачи на Инстаграм во четвртокот попладне.