(Фото) Новата вила на Ѓоковиќ во Марбељи многу личи на онаа на Пабло Ескобар

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена од неодамна станаа сопственици на луксузна вила во Марбељи. Новиот дом го чинеше Ѓоковиќ 10 милиони евра. Во него има приватен базен, спа-центар, киносала, тениски терен, девет спални соби, сала за билјард, вежбалница и маса за пинг-понг.

Куќата е со огромен двор и има убав поглед на море и планина. Фановите и медиумите се поделени околу изгледот на новиот дом на тенисерот. Некои од шпанските медиуми напишаа дека новата куќа на Ѓоковиќ многу потсетувала на онаа на наркобосот Пабло Ескобар, а дека и самиот Ноле и Пабло се многу слични и сакаат исти работи.

Познатиот шпански интернет-портал „ОК Диарио“ пишува дека вилата е декорирана во комбинација од арапски и медитерански стил, а пред куќата има место за правење скара, простор за забава, како и тениски терен.

 

 

Scroll to Top