Прекрасната актерка Шејлин Вудли прошета на Венецискиот филмски фестивал и е потценување да се каже дека шармираше во таа пригода.
Иако носеше прилично краток и ризичен фустан, успеа да ги засени сите и сепак да остане толку елегантна и ненаметлива.
Мал црн фустан е задолжителен за секоја жена, а Шејлин го докажа тоа уште еднаш. Нејзините долги нозе беа во преден план, што оваа креација дополнително го истакна и натера речиси цела Венеција да гледа само во неа.
Шејлин присуствуваше на премиерата на филмот на Џорџ Клуни „Џеј Кели“ и речиси го остави во сенка.
Таа го комплетираше своето величествено модно издание со мали елегантни црни потпетици, како и спектакуларен накит, додека косата ѝ беше лежерно крената и продолжи да доминира на црвениот тепих.
„Стил на Моника Белучи“, „Минимална шминка, а сепак убава“, „Нозе по пилатес“, „Која е вашата фитнес рутина“, „Неверојатни нозе“, беа само дел од коментарите.
фото: принтскрин