(Фото) Оперирани двете ќерки на Анџелина Џоли

Глумицата Анџелина Џоли во својот есеј за магазинот „Тајм“ откри за тешкиот период низ кој таа поминала во животот. Таа откри дека двете нејзини ќерки Захара и Шило годинава биле оперирани оваа година. Џоли пишува дека операциите минале во најдобар ред и дека двете се чувствуваат добро.

Глумицата не откри за каква операција станува збор во случајот со Захара, додека на Шило морал да и биде опериран колкот.

Џоли во магазинот „Тајм“ открила како нејзините две ќерки во изминатиот период воделе тешка борба за целосно да оздрават.

„Последниве два месеци ги поминав во посета на болницата каде беше оперирана мојата најстара ќерка. Пред неколку дена гледав и како нејзината помала сестра оди под нож поради операција на колкот. Двете знаат дека го пишувам ова, бидејќи многу ја почитувам нивната приватност. Зборувавме и тие ме поттикнаа да го напишам ова. Разбираат дека минуваат низ голем број медицинските предизвици, а борбата за преживување и оздравување ја гледаат како нешто на кое се горди. Видов како двете застануваат и се ставаат една со друга на прво место и беа среќни што можат да си помогнат. Гледав како се соочуваат со стравовите со храброст“, напиша Анџелина.

Близок пријател на Џоли за „Е! Њуз“ потврди дека и Бред Пит бил во посета на девојчињата додека
биле во болница. Глумецот го откажал и присуството на доделувањето на БАФТА-наградите за да биде со нив.

 

Scroll to Top