Холивудскиот актер Орландо Блум кој вчера го прослави својот 42 роденден, објави фотографија од детството, на која имал само седум години.
Голем број фанови меѓу понежниот пол во коментарите на фотографијата напишале дека актерот уште како мал изгледал неодоливо и бил многу сладок.
Дамите го засакаа Блум уште во 2001 година, кога актерот стана познат во светски рамки, благодарение на улогата во прочуената триологија „Господар на прстените“, а подоцна и во филмот „Пирати од Карибите“.
Многумина го сметаат за еден од најубавите мажи во светот.
Блум и понатаму активно се занимава со актерство, но голем број новинари и папараци велат дека јавноста најмногу ги интересира неговиот љубовен живот. Покрај бројните девојки, меѓу кои има и анонимуси, но и познати лица, животот на Орландо го одбележаа две големи љубовни врски.
Првата Орландо ја имаше со Миранда Кеј, манекенката со која беше во брак од 2010 година до 2013 година и пејачката Кети Пери, со која се забавува од 2016 година.