Откако донесе одлука да се повлече од јавниот живот и филмскиот сет да го замени со семеен живот, Камерон Дијаз се чини дека престана да се грижи и за својот изглед.
Русокосата актерка, која важеше за една од најубавите жени, потполно се запустила, пренесуваат медиумите. Актерката била фотографирана на прошетка во Лос Анџелес облечена во класични фармерки и црна маица, а се гледа дека има и повеќе килограми.Лоши критики таа доби и за нејзината фризура, која не била толку гламурозно стилизирана како што претходно ја носела.
Актерката неодамна изјави дека откако заминала од Холивид, го нашла својот мир и дека сега конечно е среќна.