(Фото) Парис Хилтон го украде шоуто на наградите „Греми“, богатата наследничка се појави во проѕирен фустан покриен со дијаманти

Синоќа во арената „МГМ Гранд Гарден“ во Лас Вегас се одржа 64. доделување на престижните награди „Греми“, а највлијателните музички ѕвезди прошетаа на црвениот тепих.

Пејачките блеснаа во раскошни тоалети, а најголемо внимание привлече Парис Хилтон, која се појави во друштво на сопругот Картер Реум. Богатата наследничка блесна во проѕирна креација со наметка опкружена со накит и дијаманти, потпишана од познатата модна куќа Atelier Zuhra.

Хилтон не носеше долна облека одоздола, а накитот и дијамантите ѝ беа поставени над градите, додека везот беше наместен по интимните делови.

Импресивен додаток ѝ беа ракавиците без прсти обложени со дијаманти, како и дискретните дијамантски обетки. Хилтон ја имаше кренато косата во елегантно опавче, а облече и многу едноставен модел на салонки во сребрена боја.

 

Scroll to Top