(Фото) Патиките на Канје Вест продадени за рекордни 1,8 милион долари

Патиките на американскиот рапер Канје Вест (43), кои ги носеше на доделувањето на Греми-наградите во 2008 година, се продадени на аукција за рекордни 1,8 милион долари. Тоа се првите патики што биле продадени за цена поголема од милион долари, пренесува акционерската куќа Sotebis.

Патиките на Канје Вест достигнаа цена трипати поголема од претходниот рекорд, пренесува „Ен-би-си Чикаго“. Неговите патики Jizi Nike ер 1 ги купила инвестиционата платформа Rers преку приватна продажба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sotheby’s (@sothebys)


Претходно, рекордната продажба на аукција на Sotebis била на 1 мај 2020 година кога купувачот платил 560.000 долари за патиките Nike er Jordan.

„Канје е икона, без разлика на тоа што луѓето го мислат за него. Почувствувавме дека патиките се катализатор за она што сакавме да го направиме по прашањето за фракционалното сопствеништво“, изјавил Џером Сап, извршниот директор и коосновач на Rers, а пренесе „Блумберг“.

 

 

Scroll to Top