Актерката Џенифер Анистон (56) во саботата вечерта е видена во друштво на актерот Педро Паскал (49) откако поминале три часа на вечера во хотелот Сансет Тауер.
Анистон за оваа пригода носеше црни фармерки, бела маичка, црн елек и чизми на потпетици, додека Паскал беше облечен во црна јакна и фармерки.
Иако пристигнале одделно на вечера, нешто по 20 часот, а исто така одделно го напуштиле ресторанот околу половина час пред полноќ, тие биле фотографирани како разговараат непосредно пред да се разделат, а фотографиите ги објави Дејли Мејл.
Нивната средба доаѓа по гласините дека Педро Паскал би можел да добие улога во серијата на Анистон The Morning Show.
@pascalscinema please i can’t with him😭🩷. #pedropascal #pedropascaltiktok #pedropascalsimp #viral #pedropascaledit #criticschoiceawards #jenniferaniston #reesewitherspoon #foryou #fyp ♬ original sound – carolina 🎀
На црвениот тепих на доделувањето на Critics Choice Awards, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун јавно го поканија Паскал да се придружи на актерската екипа во четвртата сезона на популарната серија. „Дали сакате да бидете дел од серијата? Праша Анистон, додека Витерспун додаде: „Чекај, ние всушност имаме навистина добра улога за него“.