Фудбалерот на Барселона Џерард Пике е виден во јавност со новата девојка Клара Марти, само три месеци откако раскина со пејачката Шакира.
Двајцата се видени на фестивалот Summerfest Cerdanya во Каталонија, а наводно Шакира не била задоволна од тоа, пренесе Daily Mail. Извор близок до пејачката тврди дека таа му се налутила што се гледа со новата девојка во јавност. Наводно имале договор да чекаат една година пред да се илегуваат со новите партнери јавно.
Познатиот шпански папарацо, Јорди Мартин тврди дека Пике намерно сака да ја нервира Шакира и затоа излегува со новата девојка на места каде што може да ги види и пејачката.
„Пике во попладневните часови се шета со новата девојка во куќата на неговите родители. Таа куќа е поврзана со на Шакира. Не му е гајле што таа може да ги види. Нивниот однос станува уште полош. Пике сака да ѝ се одмазди и успева во тоа“, рече Јорди.
Новата девојка на Пике, Клара е студентка за односи со јавност и е вработена во продуцентската куќа на фудбалерот Kosmos. Двајцата наводно се запознале на спортски настан на Kosmos.
„Луѓето му помогнаа нивната романса да остане тајна и ги бришеа сите нивни заеднички фотографии од социјалните мрежи. Неговите пријатели мислат дека тој е сериозен во врска со Клара и дека сака да остане со неа“, рече извор близок до Клара.