По 25 години брак се разведува Силвестер Сталоне. Како што пренесува TMZ , сопругата Џенифер Флавин минатиот петок поднела барање за развод, а причина е кучето ротфајлер кое од неодамна Сталоне го има. Го обвинила и за префрлање на имотот од брачните фондови.
„Сталоне сакаше да земе ротфајлер за да го заштити семејство, но Џенифер се противеше на тоа. Се скараа и на крајот таа поднесе барање за развод“, рече изор близок до двојката и додаде дека кога Џенифер го поднела барањето, тој бил во Оклахома каде снимал и дека бил вонземирен.
„Беше убеден дека ќе успее да ги реши сите проблеми. Неодамна направи и нова тетоважа со ровајлерот преку која ѝ го покри лицето на Џенифер.
View this post on Instagram
Новиот миленик на Сталоне е Двајт, име кое глумецот го имаше во серијата Tusla King. На „Инстаграм“ објави и заедничка фотографија. „Двајт е мојот вистински пријател. Продолжи да удираш и лаеш“, рече Роки.
Сталоне рече дека кучето не е причина за разводот, но дека се расправале околу тоа кој ќе се грижи за него, додека тој е на пат и снима.
„Не се разведуваме заради тоа. Едноставно секој тргна по својот пат. Многу ја почиутвам Џенифер. Секогаш ќе ја сакам. Таа е неверојатна жена. Најмилата личност која сум ја запознал“, рече Сталоне за TMZ.
Изворот рече дека нема докази дека Сталоне и Џенифер ќе влезат во војна околу разводот. Двајцата беа заедно на 30 јули за роденденот на Френк Сталоне, помладиот брат на глумецот и изгледаа среќни додаде изворот.
View this post on Instagram