Плас сајз моделот и овогодинешната водителка на тепихот на Оскарите, Ешли Греам стана тема на социјалните мрежи откако објави фотографија на која позира гола на Инстаграм.
Греам, која ја следат повеќе од 20 милиони луѓе на Инстаграм и е инспирација за многу жени ширум светот, сподели фотографија на Инстаграм на која ги покри градите со рацете, само еден ден по нејзиното интервју со Хју Грант на Оскарите, кој привлече големо внимание поради однесувањето на актерот, а нејзината објава собра над 500.000 лајкови, но и бројни негативни коментари.
„Дали некогаш сте го прашале вашиот сопруг дали можете да објавите ваква фотографија?“, „Доста е само голи слики“, „Навистина имаш убаво тело, но некои работи треба да се само за твојот сопруг“, „Зошто објавуваш разголени фотографии?-Извини, но штотуку ја изгуби оваа следбеничка“, се дел од коментарите.
Потсетуваме, Греам пред почетокот на доделувањето на наградите Оскар го интервјуираше Хју Грант, кој се однесуваше недолично. Фановите го искритикуваа Грант на Твитер и го нарекоа најголемиот кретен во Холивуд.