(Фото) По скандалозниот развод од актерот, поранешната сопруга на Кевин Костнер се омажи

Кристин Баумгартнер, поранешната сопруга на Кевин Костнер, минатиот викенд ја официјализираше својата љубовна врска со милионерот и инвеститор Џошуа Конор. Церемонијата се одржа на приватен ранч во Санта Барбара, во срцето на Калифорнија, каде што невестата го поминала детството.

Една од гостите ексклузивно ги откри деталите од церемонијата за „Пипл“. Како што вели таа, атмосферата била семејна и исполнета со топлина.

„Атмосферата беше прекрасна, но она што навистина го одбележа денот беше интимноста. Не беше некоја голема продукција. Сè беше искрено, емотивно и целосно во нивниот дух. Секој се чувствуваше како да е сведок на нешто многу вредно. А за време на самата церемонија? Немаше такви што не заплака“, додаде изворот.

Споменатото списание направи и ексклузивни фотографии од свадбата, па имавме можност да го видиме изданието на невестата.

Кристин за церемонијата носеше прекрасна, уникатна венчаница од израелската дизајнерка по име Мира Цвилингер. Беше украсена со рачно везени цвеќиња и деколте во форма на срце.

Својот стил го комплетираше со брановидна коса што се спушташе по грбот, а кога стануваше збор за шминката, се одлучи за нежни нијанси на кафеава боја што ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.

Венчавката се случува помалку од две години откако Кристин го финализираше разводот од Кевин Костнер, со кого има три деца. Тие беа во брак 18 години.

Џош исто така има три деца од претходен брак.

фото: принтскрин

Scroll to Top