(Фото) По загубата на синот, Роналдо и Георгина заминаа на одмор со децата

Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез заминаа со децата на годишен одмор. Двојката објави неколку заеднички фотографии, но не го открија местото.

„Мојот живот“, напиша Георгина на фотографијата од авионот на која ја држеше ќерка ѝ Бела Есмералда. „Одмор со мојата љубов“, напиша подоцна Роналдо на фотографијата од летувалиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

За потсетување, Роналдо и Георгина неодамна доживеаја трагедија. Георгина носеше близнаци, а за време на породувањето го изгубија синот. Преживеа само девојчето.

„Со најдлабока тага сакаме да ве известиме за смртта на нашето бебе. Нашето девојче ни дава сила за да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа за во иднина. Сакаме да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за целата нега и поддршка која ни ја дадоа. Благодарни сме и бараме приватност во овие тешки моменти. Нашето синче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, рекоа тогаш Роналдо и Георгина.

 

Scroll to Top