Неодамнешното јавно појавување на Кејт Мидлтон предизвика бура на социјалните мрежи, а корисниците не штедеа зборови. Сепак, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана.
Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието на јавноста со денови. По борбата со ракот, принцезата од Велс одлучи да направи мала, но значајна промена во својот имиџ за да го најави почетокот на ново поглавје во нејзиниот живот.
Кафеавите локни некогаш беа нејзин заштитен знак, но сега златните тонови и посветлите прамени доминираат во нејзината нова фризура. Наместо позитивни и охрабрувачки реакции од јавноста, саканата британска принцеза мораше да се соочи со неосновани критики.
Се чини дека овие зборови предизвикаа гнев и кај Сем Мекнајт, поранешен стилист на принцезата Дајана во 90-тите. Тој остро ги осуди сите коментари и застана во одбрана на Кејт Мидлтон.
Тој отворено и без резерва го искажа своето мислење за оваа деликатна ситуација на Инстаграм и нагласи дека е „шокиран и разочаран од количината злонамерни коментари“.
„Женската коса е лична работа за секоја жена – таа е симбол на сила, заштита, самодоверба и многу повеќе од тоа. Не можам да верувам колку многу лоши коментари има и недостаток на емпатија во нив“, рече тој, додавајќи дека е особено изненаден од негативните реакции на другите жени.
Тој ја потсети јавноста дека Кејт моментално поминува низ тежок период од својот живот, но дека сè уште ги извршува своите кралски должности со достоинство.
„Ракот влијае на поединците различно, но го менува животот на секого. Затоа, оставете ја на мира. Срам да ви е“, заклучи тој.
фото: принтскрин