Шведската манекенка и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“, Елса Хоск, се вери со својот долгогодишен партнер Том Дејли по 10 години врска.
Елса Хоск и Том Дејли ја објавија среќната вест на Инстаграм, а романтичниот момент се случи во нивниот нов стан – ништо фенси, само цвеќе и свеќи.
Покрај нејзините блескави насмевки и очигледна среќа, манекенката го покажа и својот скап веренички прстен. Станува збор за овален дијамант „Tiffany & Co. Soleste“, поставен на венчален прстен од платина.
Според „Пејџ Сикс“, експертите проценуваат дека дијамантот е околу 10 карати, што е совршен симбол за двојка која е заедно точно 10 години.
Вредноста на прстенот се движи помеѓу 350.000 и 500.000 долари, додека „премиум“ цената може да достигне до милион долари.
„Реков ДА во шведска градина со диви цвеќиња, во нашиот нов стан, во градот каде што се запознавме. Десет години, ти и јас“, напиша Елса покрај објавата.
Хоск и Дали се заедно од 2015 година, а во февруари 2021 година добија ќерка.
фото: принтскрин