(Фото) Раперот Ајс Кјуб предизвика гнев откако објави слика од југословенска партизанка

Американскиот рапер Ајс Кјуб беше критикуван поради тоа што објави  фотографија за која се тврди дека е антисемитска, а помеѓу нив е и сликата на Лепа Радиќ, учесничка во НОБ и е девојка прогласена за народен херој на Југославија.

Ајс ја објавил фотографијата на Твитер без никаков коментар. Меѓутоа, следеле десетици одговори, преку 600 ретвитнувања и 2.500 лајкови.

Американските медиуми неговите објави ги пренеле со наслов „Ајс Кјуб осуден поради споделување на антисемитски мемиња и руска пропаганда на Твитер“, алудирајќи на тоа дека луѓето го напаѓаат и прави антиамериканска пропаганда.

„Неговите раководители му кажуваат каква идеологија треба да шири“, „Ова сра*е не е вистинско, идеш на блок Ајс“, „Зошто го објавуваш ова?“, „Навистина треба да го тргнеш ова од профилот“, се само дел од  коментарите.


Веста за објавата на познатиот рапер ја пренеле и највлијателните светски медиуми – BBC, Independent, Fox News, People и многу други, но ниту еден од тие медиуми не истакнал дека станува збор за Југословенка, хероина која страдала, туку сите го пренеле како „руска пропаганда“.

Меѓутоа, многу луѓе од Балканот се приклучиле во коментарите и му се заблагодариле на Ајс Кјуб за споделување на оваа фотографија.

Радиќ била обесена на  8. февруари 1943 година. Неколку моменти пред да и го стават јажето околу вратот и понудиле помилување ако ги каже имињата на нејзините соборци. Германците ја погубиле Радиќ кога таа имала само 17 години.

Приказната почнува далечната 1941 година, кога Германија ја нападнала Југославија. Радиќ тогаш имала само 15 години, но и покрај тоа што била млада, таа имала доволно храброст да учествува во борбата против окупаторот.

Во февруари 1943 година, таа била зарбоена за време на акцијата на спасување на околу 150 жени и деца кои бегале под длабокиот снег, пред војската на окупаторот.

Таа се обидела да им побегне на нацистичките сили, но не успеала. Откако ја фатиле, нацистите ја осудиле со смртна казна бесење. Три дена пред бесењето, тие ја држеле во изолација и ја мачеле за да извлечат поголем број на ифромации за партизаните.

Радиќ ништо не им открила на окупаторот.

„Не сум предавник на моите луѓе. Оние кои ги барате, ќе се откријат самите во моментите кога ќе ве уништат сите вас, злосторници, до последниот човек“, изјавила Радиќ.

Откако била обесена, Радиќ била погребана на истото место, каде денес се наоѓа нејзин споменик. Радиќ била прогласена за народен херој на крајот на декември 1951 година.

Scroll to Top