Холивудски актер Расел Кроу за улогата на Роџерс Ејлес, директор на телевизија „Фокс“, целосно го смени изгледот – тој е дебел, ќелав и оди со бастунче. Кроу деновиве ја снима серијата „Најгласниот глас во собата“ за Ејлес кој почина минатата година.
Во серијата, меѓу другото, ќе биде прикажан и скандалот од 2016 година, кога директорот на „Фокс“ беше обвинет за сексуално вознемирување. Една од водителките на вести на „Фокс“ изјави дека добила отказ бидејќи одбила да спие со него.