(Фото) Ријана со дечкото од јахта на Барбадос до ресторан во Лос Анџелес

Мегапопуларната пејачка Ријана е во љубовна врска со раперот Асеп Роки.

Вљубената двојка најпрво е видена на крстарење на брод, на нивниот заеднички одмор во родниот град на Ријана, Барбадос, а потоа и во ресторан во Лос Анџелес.

Ријана и Асеп разменувале бакнежи во текот на одморот на Барбадос, што се гледа и на една од фотографиите, а наводите посебно се потврдуваат откако биле видени како разменуваат нежности во ресторан во Лос Анџелес, пишуваат таблоидите.

„Одвоено дојдоа во ресторанот, но само што седнаа разменија сочен бакнеж пред сите. Беа во друштво на пријатели и цело време разменуваа нежности, што значи дека веќе не ја кријат љубовта“, изјавил очевидец .

Откако медиумите ја открија нивната врска, Ријана и Асеп не сакале да коментираат за тоа и изјавиле дека тие се само пријатели.

 

Scroll to Top